Реакција од општиина Карпош на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Општина Карпош во писмена реакција на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ на која беше обвинет градоначалникот Стевчо Јакимовски дека за украсување во Карпош ќе потроши повеќе од сите други скопски општини заедно посочува дека Град Скопје за новогодишните празници улиците ги красеше само до улицата Рузвелтова.

„ВМРО-ДПМНЕ очигледно заборава дека со години по ред Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски градот и улиците за новогодишните празници ги красеше само до улицата Рузвелтова, односно до „границата “ со Општина Карпош. Општина Карпош нема да дозволи да остане „зона на самракот“ и мрачна точка во Скопје пред претстојните празници. Затоа решивме Општината да ја украсиме сами. Минатата година украсивме малку, ова година одвоивме повеќе средства за таа намена.

– Се прашувате зошто Опшина Карпош издвоиле толку средства за украсување? Вистинското прашање е зошто градоначалникот на Скопје овој пат издвоил помалку пари? Одговорот е повеќе од очигледен: Затоа што парите ги испотроши за градење споменици, жални врби, милионски евра златни огради, градски плажи и виртуелни галии во Вардар.

– Ние во Карпош не градиме оспоменици, туку парите ги трошиме за да му ги чистиме улиците, да го одржуваме зеленилото, да градиме водоводи, за да му ги реконструираме училиштата,да го обновиме осветлувањето, сé што е обврска на Градот и на Градоначалникот на Скопје. Додека СДСМ зборува за заштеди во буџетот од 204 милиони евра, ВМРО-ДПМНЕ се занимава со лампиончиња, шарени лаги за мали деца“, се вели во реакцијата од општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје