Реакција од МО за поранешните професионални војници

Од:

„Сите поранешни професионални војници кои со наполнети 35 односно 38 години старост и кои на 31.12.2013 година беа невработени, беа примени во постојан работен однос во Министерството за одбрана. Значи сите 59 лица-поранешни припадници кои ги исполнија законските услови беа вработени во Министерството за одбрана.

Лицата кои беа вработени на 31.12.2013 година или кои ја напуштиле Армијата пред навршувањето на 35, односно 38 години старост, не ги исполнуваат предивидените услови. Претставници на оваа група поранешни војници неколку пати беа примени во Министерството за одбрана и им беше објаснета законската регулатива.

Бараме да се избегне политизирање на реформите во Армијата на Република Македонија. Унапредувањето и движењето во кариерата во АРМ се одвива врз основа на строго дефинирани процедури, кои се во согласност со НАТО стандардите и стандардите кои се применуваат во армиите на НАТО членките. Сите промени во АРМ се во целосна согласност со правилата на служба, стандардите за унапредување и ротирање во кариерата на офицерите и подофицерите.

Владата на Република Македонија и Министерството за одбрана имаат преземено повеќе активности кои имаат позитивен ефект врз стандардот на припадниците на АРМ. Во изминатиов период и самите сте сведоци за тоа што се е преземено за подобрување на условите, опремата, стандардите на припадниците на Армијата на Република Македонија. Имено, кон крајот на минатата година, секој припадник доби комплетно нова униформа, во тек се процеси за модернизација на Армијата со опрема која ќе соодветствува на стандардите на НАТО. Проектот „АРМ мој вистински дом“ влегува во завршна фаза, градот Скопје и Општината Карпош донесоа одлуки за плаќање на комуналните таксти во период од 24 месеци и во секој момент се очекува добивањето на градежна дозвола за изградбата на првата зграда од овој прокет. Особено внимание е посветено на едукацијата, обуката и тренингот на офицерите, подофицерите и професионалните војници. Тие имаат можност да се образуваат и обучат на најпрестижните воени школи во светот“, се вели во реакцијата од МО за поранешните професионални војници.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска

МО: АП „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет, во 2022 тука ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници

Ана Ололовска