Реакција од Министерството за транспорт и врски на прес-конференцијата на СДСМ

Од:

Измените во Законот за градење се однесуваат пред се на инфраструктурни градби и се предложени со цел забрзување на постапката за нивно реализирање за доброто на граѓаните. Со овие измени се олеснува постапката за добивање одобрение за градење за градби од јавен интерес, за кои често се чекаше со години да се решат имотно-правните односи и тие остануваа нереализирани.

Ова го истакнува Министерството за транспорт и врски во реакцијата на прес-конференцијата на СДСМ во врска со измените и дополнувањата на Законот за градење.

– Не е точно дека се одзема сопственоста доколку дел од земјиштето е во приватна сопственост, бидејќи сопственоста е загарантирана со Устав, а за проекти од јавен интерес се спроведува постапка за експропријација согласно законската регулатива во Република Македонија и предвидено е дека доколку има приватни сопственици да бидат обештетени, се вели во реакцијата од Министерството.

Оттаму прецизираат дека измените не се однесуваат на изградбата на споменици за кои има дефинирано посебна постапка.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска