А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Реакција од Министерството за транспорт на обвинувањата од Жерновски

by А1он28/05/2013 - 15:58152
Share0

Министерството за транспорт и врски во реакција на денешните обвинувања од градоначалникот на Центар Андреј Жерновски за огласот за продажба на парцела на плоштадот „Македонија“ потсетува дека доколку општинското раководство не издава одобренија за градење согласно законски утврдениот рок, ќе подлежи на глоба предвидена согласно член 163 од Законот за градење.

Добивај вести на вибер

Според Министерството за транспорт, Жерновски на театрален и манипулативен начин се обидува да ги дискредитира активностите кои се преземаат во доменот на управување со градежното земјиште и реализацијата на проекти во општина Центар.

Почетната цена за продажба на градежното земјиште со цел реализирање конкретни инвестиции, појаснува Министерството, е уредена согласно Уредба за начинот и постапката на отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија, донесена од Владата.

Од Министерството за транспорт бараат Жерновски да објасни што е сомнително во постапката, кога, наведуваат, „овој јавен повик е објавен во два печатени медиуми согласно законските прописи и е поставен на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски, за разлика од времето кога владее тој и Ристо Пенов, кога се одеше со директна спогодба, а најатрактивните локации се продаваа по цена од 25 евра по метар квадратен“.

– Жално е што од почетокот на неговиот мандат, до сега, одЖерновски ги слушаме само зборовите „поништување“ и „ревизија“, без најава на никакви проекти кои би биле во полза на граѓаните на општина Центар. Зарем ќе чекаме да поминат 4 години од нивниот мандат во истражувања и ревизии, а потоа ќе реализираат проекти? За разлика од Жерновски, Владата на Република Македонија е за реализација на проекти и привлекување на странски и домашни инвестиции, кои за жал со неговите постапки тој ги брка наместо да ги привекува, а потоа се чуди зошто општинската каса му е празна, посочуваат во реакцијата од Министерството за транспорт.

Прашуваат зошто општинското раководство е изненадено заради оваа постапка и согласно кој закон е спротивен постоечкиот Детален урбанистички план, кога е донесен пред донесување на новиот Генерален урбанистички план, а исто така е усогласен и со новиот ГУП.

centar

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Горан Наумовски31/10/2025 - 13:28

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:59

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Горан Наумовски30/10/2025 - 15:58

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ29/10/2025 - 18:1829/10/2025 - 18:19

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски28/10/2025 - 12:0428/10/2025 - 13:42

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски28/10/2025 - 11:1028/10/2025 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен