Реакција од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија на соопштението на СДСМ

Од:

„Ја информираме јавноста дека во Република Македонија постојат механизми за проверка на финансиското работење на државните институции.

Претседателот Иванов до сега ги почитувал и во целост ги исполнувал пропишаните законски регулативи.

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија и понатаму, како и досега, ќе продолжи со транспарентно и отчетно раководење со доверениот буџет, што го потврдуваат и ревизорските извештаи за работењето на Кабинетот на Претседателот спроведени од страна на Државниот завод за ревизија.

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија нема законска обврска да прифаќа дополнителни „алатки“.

За нас е нејасно на кој начин може г. Роберт Поповски, министер без ресор, да наложува и бара од институцијата Кабинет на Претседател на Република Македонија да прифати вакви мерки, за кои веќе постојат механизми во Република Македонија, освен ако не се работи за популизам, што за Кабинетот на Претседателот е неприфатливо. Сметаме дека сè што треба да се направи е да се почитуваат и спроведуваат постоечките прописи.

Во контекст на ова, говори и извештајот на Центарот за економски анализи http://cea.org.mk/wp-content/uploads/2018/06/CEA-3-6-9-i-Blueprint-Monitoring-public-finances-za-9-meseci-FINAL.pdf каде се посочува дека “софтверската алатка не функционира и нема никакви податоци после 2017 година, со што индикативно е дека фискалната транспарентност е под ризик и дека е сфатена палијативно и кампањски, а не како трајнаопределба како ефикасна алатка кон поголемаотчетност од именуваните и избраните функционери“.

Од друга страна, јасно и очекувано е дека политичката партија СДСМ преку вакви манипулации се обидува да изврши притисок врз претседателот Иванов, поради неговите политики и цврсти ставови во одбрана на достоинството на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, а во врска со непотпишувањето наУказот за прогласување на Законот заратификација на Спогодбата со Грција.

„Мојот став е конечен и нема да ме поколебаат со никакви притисоци, уцени и закани. Нема да поддржам и потпишам ваков штетен текст на договор“, изјави претседателот Иванов на 13 јуни 2018 година во обраќање до нацијата“, се вели во реакцијата од кабинетот на Претседателот, Ѓорге Иванов на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Се партизира секоја позиција, па дури и личните асистенти за децата со посебни потреби

СДСМ: Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот Роберт Мартиноски и да ја прошири истрагата

СДСМ: Откако МВР призна вина, началникот на Тошковски мора кривично да одговара

СДСМ: Началникот во Демир Хисар мора да одговара кривично

А1он

(ВИДЕО) Илиевски: За владините функционери сè да има ново, луксузно, отмено, а за граѓаните – трошки леб и сол

А1он

(ВИДЕО) Баковска: Скандал, градоначалникот на Демир Хисар од ДПМНЕ незаконски сака да разреши директорка на училиште