Реакција од Град Скопје: Владата да покаже одговорност и итно донесе јасен план за помош на граѓаните

Од:

„СДСМ секојдневно се обидува својата одговорност да ја префрли на локалната самоуправа, со веќе слушнати и секојдневно повторувани тези дека снабдувањето со топлинска енергија и затоплување на домовите на скопјани е во надлежност на Град Скопје“, реагира Град Скопје на соопштението на СДСМ.

„Да појасниме уште еднаш дека Град Скопје ги знае своите надлежности и за разлика од претходното раководство кое го остави Градот задолжен и со доспеани долгови, Градот овој четиригодишен мандат ќе го насочи на креирање и имплементација на проекти и политики кои значат подобар и поквалитетен живот за скопјани. Регулаторната комисијата за енергетика (РКЕ) го одби барањето за доделување лиценца за вршење дистрибуција на топлинска енергија на Градскиот енергетски систем ГЕС. Истото до денес не е реализирано и се води управна постапка за разрешување на овој спор.

Срамно и неодговорно е упорно да се вперува прстот кон Град Скопје посочувајќи го Градот како надлежен и одговорен за сите пропусти на централната власт, кои пет месеци не преземаа ништо и сме можеби единствена држава која нема мерки за справување со енергетската криза, освен што ги зголемија цените за електрична и топлинска енергија и удрија по џебот на граѓаните. Член 151 став 1 од Законот за енергетика е исто така јасен и може да важи само доколку ГЕС како претпријатие ја има лиценцата и е лиценциран дистрибутер на топлинска енергија до домаќинствата во Скопје, што во случајот е јасно дека јасно не е и не може да биде се додека не ја добие потребната лиценца.

Низ цела Европа, Владите уште од септември месец преземаа мерки за помош од енергетската криза, како и за амортизирање на ценовниот шок, додека кај нас месеци подоцна, Владата не само што не поднесува одговорност туку и сака истата да ја префрли на Град Скопје, кој е оставен во големи долгови токму од претходното градско раководство кое беше раководено од СДСМ.

Град Скопје уште еднаш ја повикува Владата да покаже одговорност и итно донесе јасен план за помош на граѓаните, како што постапи секоја Влада во состојба на енергетска криза“, се додава во реакцијата на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он