Реакција на Здружението на судии за оштетувањето возило на судијка од Охрид

Од:

Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија го осудува чинот на оштетување на приватно возило на судијка во Основиот суд во Охрид што вчера го извршиле непознати сторители.

– Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија го осудува нападот над материјалните добра на судија Билјана Белевска Пројковска, судија во Основен суд Охрид, и особено доколку тие се насочени кон заплашување, односно обид за влијание во постапката за правораздавање, пишува во реакцијата.

Истовремено, Здружението на судиите ја истакнува својата загриженост од ваквите и случни напади на личниот интегритет и безбедност на судиите и, како што наведува, очекува дека надлежните органи во рамките на своите овластувања ќе преземат мерки за заштита и соодветно процесуирање на овие случаи.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум