Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на Оливер Спасовски

Од:

СДСМ се во паника бидејќи креираните материјали, согласно важечките закони, судот ги отфрли од доказна постапка како незаконски, реагира попладнево ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на Оливер Спасовски.

Според ВМРО-ДПМНЕ, врз база на законските одлуки судот утврди дека овие креирани материјали се илегални што ќе значи обврска да се утврди кои лица ги креирале и ги користеле со што ги прекршиле законите на Република Македонија.

– СДСМ тоа го знаеше, а го знаеше и целата стручна јавност зашто законот е многу јасен, но се правеа наудрени и незналици, со цел да го лажат членството дека со креираните и монтирани материјали и со манипулации преку нив ќе дојдат на власт. Со истите лаги СДСМ очајно се обидува да го охрабри демотивираното членство, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Во изјавата на Оливер Спасовски, додава партијата, има отворени закани до судиите, со јасен обид да ги заплашат. – Од тука се гледа дека ако во опозиција вакви закани испраќаат на судиите, какви ли ќе бидат малтретирањата врз судството кога оваа банда би била на власт, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела