Единствената економска и политичка теорија која ја почитува СДСМ и која ја реализира и кога е власт и кога е во опозиција е „колку полошо за народот и државата, толку подобро за аболираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ”, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштението на СДСМ.
– Единствениот проект кој го реализираше аболираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ изминатиов период е ширење на лаги и манипулации за девалвација на денарот.
Девалвацијата што ја најавуваа не се случи, а народот и државата изгубија милиони евра заради деструкцијата на аболираниот криминалец Зоран Заев, стои во реакцијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, кадрите на СДСМ, како поранешниот дополнителен технички заменик министер за финансии Кире Наумов, се тие кои немаат економско познавање и секогаш делувале во насока да и наштетат на македонската економија. – Дококу Кире Наумов знаеше економија и еврообврзницата се издадеше на предвидената сума во декември, државата ќе дојдеше до дополнителни средства во многу поповолни услови. Но и Кире Наумов како и сите во СДСМ со своите обиди за блокирање на нормалното функционирање на Македонија, направиле само штета. Со креирањето на политичката криза и бегството на СДСМ од избори се оневозможува реализацијата на капиталните инвестиции, наведува ВМРО-ДПМНЕ.
Притоа се посочува дека согласно изборниот законик, во предизборен период не може да се реализираат капитални инвестиции, а во Македонија само во првото полугодие имаше два обиди за избори според Пржинскиот договор, од кои, како што наведуваат, „СДСМ од петни жили се трудеше да избега и да ја доведува земјата во уште поголема нестабилност и состојба на криза, бидејќи кога Македонија е во криза, СДСМ е задоволен“.
– Министерот Кирил Миноски соопшти дека ниту еден капитален проект нема да запре. Ќе продолжи изградбата и на автопати и на регионални и локални патишта, и на железницата. Ќе продолжат изградбите на нови училишта, работата на гасификацијата, инвестициите во здравството и земјоделието. Миноски вчера соопшти дека капиталните расходи но и даночните приходи остануваат на повисоко ниво во споредба со минатата година. СДСМ знае дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги реализира своите ветувања и вложува милијарди и милијарди евра во сите сфери, за разлика од СДСМ кој освен што ја задолжи Македонија со милијарди, не помести ниту едно камче во земјата, а не пак да направи нешто што ќе им го подобри животот на граѓаните, стои во реакцијата.