Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Наумов

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштението на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов наведуваат дека измислува црни сценарија и се обидува да ја манипулира јавноста.

– Светска банка јасно и недвосмислено посочи дека успорувањето на економскиот раст, странските инвестиции, а со тоа и зголемување на буџетскиот дефицит со цел да се задржи растот, се директна последица на политичката криза која во Македонија ја создадоа аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ, стои во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, очекувано, срамно и лицемерно е пулените на Заев да ги користат за дневно-политичка пропаганда последиците од политичкото заложништво во кое СДСМ ја држи Македонија долго време.

– Наумов и СДСМ добро знаат дека половина од државниот долг е направен во време на СДСМ, со таа разлика што тие немаат ниту еден единствен проект со кој може да го оправдаат овој долг.
Дополнително, ден денес има околу 40 активни кредити од времето на СДСМ кои земјава се’ уште ги отплаќа, пари кои испарија во воздух, односно во џебовите на функционерите на СДСМ, стои во реакцијата.

СДСМ, се додава, е одамна познат по попустите обиди за измислување катаклизмични сценарија за пропаста на македонската економија и презадолженоста. – Ова СДСМ жолчно се труди да го фабрикува уште од 2007 година. Ако досега се реализираа само 1 отсто од ваквите лаги на СДСМ, Македонија уште одамна требаше да банкротира, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека и покрај политичката криза Светска банка оцени дека нивото на раст на Македонија е за респект во Европа, како и дека нејзиниот потенцијал е многу поголем и ќе се реализира по завршување на политичката криза која СДСМ ја креираше.

– Овој дел од оценката на Светска Банка не му оди во прилог на технички назначениот дополнителен министер Наумов, па го изостави во своето соопштение до јавноста. Но, одговорот од граѓаните на ваквите манипулации и обиди за креирање црни сценарија нема да изостане. СДСМ ќе го добие на 11-ти декември, 10-ти пат по ред, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ