Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се криела од својот народ и секогаш била подготвена да ја слушне неговата волја на избори, за разлика од СДСМ која како и досега па така и сега се плаши и бега од изборите, па затоа смислува нови услови, не сака договори само за да не се соочи со народот, наведува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната прес-конференција на Петре Шилегов.

– ВМРО-ДПМНЕ се оградува од лагите на СДСМ околу договорот од Пржино и изборот на специјален обвинител. Тоа што е договорено ќе се реализира, а најдобар показател за тоа е фактот дека Никола Груевски инсистира да има Специјален Јавен Обвинител, како предуслов СДСМ конечно да се појави пред народот и да го погледне во очи, се вели во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, во СДСМ има синдром на рушење и страв од пораз на следните избори. Партијата посочува дека просторот пред Владата ќе биде отворен и хортикултурно уреден.

– Би сакале да му порачаме на господинот Шилегов дека единствената ограда која стои меѓу него и Владата на Република Македонија не е физичката, направена од ковано железо, туку онаа ограда меѓу СДСМ и народот на Република Македонија направена од тенеќе која ја поставуваат самите со својата очајна политичка понуда, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски