Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на општина Струмица

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на прес-конференцијата на секретарот на општина Струмица оценува дека со изнесените тврдења повторно се фаќаат во лага.

– Прво викаат дека не се работи за истата парцела каде Владата преку Агро берза инвестираше за инфраструктурна изградба над 52 милиони денари, а веднаш потоа самите признаваат дека тоа е вистина. Дека се работи за истата парцела и за истата сума, се наведува во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ бара Заев да каже кога прв пат остварил средба со инвеститорите и каде се одржани првите средби во општина Струмица и кој ги претставил можностите за инвестирање.

– Дали Заев или Владата е таа која постигна договор со инвеститерот за државна помош која изнесува над еден милион евра за да оваа компанија инвестираа во Македонија и дали Владата или Заев согласно законот обезбеди даночни олеснувања за да се реализира оваа инвестиција, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела