Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на одлуката за притвор на Едмонд Темелко

Од:

„Стравот и нервозата од изборниот пораз на СДС се видливи на секое можно поле. Токму затоа повторно беше активирана партиската испостава на СДС, СЈО која побара притвор на Едмонд Темелко, а судството под притисок на СДС донесе одлука за прифаќање на барањето на СЈО.

Додека од една страна спротивно на законот СДС и Зоран Заев пуштаат на слобода осудени криминалци, од друга страна политички монтираат случаи и бараат притвори.

Двојните аршини на СДС се видливи. Надвор од сите процедури, крешјки ги правилата, СЈО донесе политичка одлука, Судот испорача. Одлуката единствениот македонски градоначалник во Албанија да оди во притвор преставува врвно лицемерие и уште еден показател за киднапирањето на државата од страна на хунтата на СДС.

Додека криминалците царуваат, СДС се насочи кон човек со здравствени проблеми, третирајќи го како најголем криминалец.

Со ова свесни за поразот политичкото обвинителство на Катица Јанева активно се вклучува во изборната кампања на СДС.

Нивната борба за живот, е борба за правење на криминали на врхушката на СДС.

Затоа народот ќе ги казни, а одговорност за сите кој ги силуваат законите и носат политички наместо правни одлуки, ќе има многу брзо“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на одлуката за притвор на Едмонд Темелко.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски