Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Заев во Ресен

Од:

Заев денеска се расфрлаше со фалења и удирање во гради за тоа што се ќе направел за ресенските земјоделци, а кога имаа можност, СДСМ и Заев, со прст не мрднаа за ресенските и за сите земјоделци во Македонија. Ресенското јаболко не стигаше ниту до пласман, затоа што скапуваа по дворовите на земјоделците, се наведува во пишаната реакција на ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на лидеорто на СДСМ во Ресен.

– Зоран Заев денес во Преспанскиот регион отиде да си прави политички маркетинг, а не да разговара за земјоделството. Тој непознавајќи ја областа, а сакајќи да манипулира, не е ни запознаен со потребите на земјоделците и фактот што се превзема во моментот. Граѓаните на Ресен и сите производители на јаболка знаат кој го поддржува преспанскиот земјоделец, а кој во Преспанскиот регион доаѓа само пред избори, стои во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека секоја година над 2200 преспански овоштари се корисници на владината финансиска поддршка за земјоделството која во времето на СДСМ воопшто не постоела. Над 2200 овоштари од Ресен секоја година ја искористуваат финансиската поддршка за одржување на постоечки овошни насади која изнесува од 28000 до 33000 денари по хектар во зависност од бројот на садници на хектар. За овоштарите оваа Влада од 2013 година воведе и нова мерка за финансиска поддршка во висина од 50 проценти од вредноста на инвестицијата за подигнување на нови овошни насади, мерка која веќе се користи од овоштарите исто како што се користи и дополнителната финансиска поддршка за предадено овошје во преработувачки капацитет во износ од 2 денари по килограм. Само последната 2014 година исплатени се средства во износ од 17 400 000 денари само за подигнување на нови овошни насади. Создадени беа можности за набавка на земјоделска механизација преку Ипард прогарамата како и преку привлекување на странски инвеститори во овој регион, како што е компанијата ЕПЛ Ленд чија инвестиција е веќе реалност во Преспа.

Дополнително за земјоделците се исплатени 2 милиони евра за штета од невремето, и се одвојуваат близу 1 милион евра за нови проекти од Владата преку програмата за рурален развој за оваа година, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад