А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Шекеринска

by А1он07/03/2016 - 16:2998
Share0

Радмила Шекеринска и СДСМ во континуитет се обидуваат да ги оправдаат своите изборни порази од кој што последниот беше изразен со 200.000 гласови разлика. СДСМ очајно се обидува да најде барем еден спорен гласач на избирачкиот список и на тој начин да го ублажат поразот на 199.999 гласови разлика, наведува ВМРО-ДПМНЕ во пишаната реакција на денешната изјава на Шекеринска во Делчево.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Единствените фантоми на политичката сцена се членовите на раководството на СДСМ кои безглаво и безидејно се обидуваат да најдат какво било алиби, за да ги одложат изборите, но и да ги зачуваат и оправдаат партиските функции во СДСМ. Впрочем за тоа колку веруваат граѓаните на СДСМ покажуваа празните улици на кои Радмила Шекеринска и нејзините сопартијци се обидуваат да остварат средби, стои во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ во соопштението наведува дека „од СДСМ наместо да сеат магла и да смислуваат афери колку да имаат причина за што да зборуваат во јавноста, треба да ги впрегнат МВР и ДИК двете институции најдоговорни за прочистување на списокот, кои патем се водени од нивни истакнати кадри, што поскоро да го прочистат избирачкиот список бидејќи за тоа се скапо платени од парите на граѓаните“.

– Најдобриот аргумент кој ќе ја убеди Радмила Шекеринска во кредибилитетот на избирачкиот список ќе бидат изборите на 5 јуни, кои ќе и донесат јубилеен 10-ти катастрофален пораз, се вели меѓу другото во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Youtube YouTube
dpmne

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Катерина Ѓуровски13/11/2026 - 11:47

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски13/11/2026 - 10:5613/11/2026 - 16:07

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:43

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео