Притисок и нарачан линч најпрво врз епископот Јаков, Струмичката Православна Епархија, Елеуса Фондација и врз сите здруженија и одважни родители што си ги сакаат децата, сметаат од порталот на струмичката епархија „Тивериопол“ во однос на наводите во една телевизиска сторија.
„Најголемите лаги во оваа оркестрирана шарада се тенденциозното посочување на епископот Јаков за непријател бр.1 на сатанистичките „демоНОкратски процеси” и целосно игнорирање на фактот дека Синодот на МПЦ-ОА организираше протест против Законите за родова еднаквост и матична евиденција на кој беа присутни речиси сите архиереи и лично Архиепископот во свое обраќање пред многубројниот народ образложи зошто овие идеолошки концепти се неприфатливи за нас и нема да ги прифатиме, но немаше ниту еден инсерт од протестот.
Во емисијата можат да се видат кадровски наративи во манирот на Шерлок Холмс од седиштето на Струмичката епархија и храмот на Светите Кирил и Методиј, кој патем е споменик на културата и е обврска на Заводот за заштита и министерството за култура и кој за жал се распаѓа додека од парите на народот се одвојуваат огромни средства за ЛГБТИ+ настани и се потпишуваат последователно два меморандуми за соработка помеѓу две министерки и Коалиција Маргини т.е Ирена Цветковиќ. Тенденциозно се истакнуваа личните податоци на секретарот на СПЕ отец Константин Митев и тимот на Елеуса фондација како да откриле нешто сокриено. Половина од прилогот потрошија во обид да мистифицираат јавно достапни информации и да им дадат веројатно и самите на знаат каков контекст. Елеуса фондација е организација на Струмичката епархија која секој ден храни гладни, помага болни итн. и ништо друго не можете да видите на официјалната ФБ страна.
Ниту Епархијата ниту луѓето кои се посветени на мисијата на Елеуса не ги кријат ни своите лица, ни своите имиња, ниту пак поврзаноста со Епископот Јаков, напротив со чест и достоинство самите го истакнуваат тоа и на личните ФБ профили и на официјалниот на Фондацијата. Тогаш што е проблемот!? Сатанистите не можат да и простат на Елеуса фондација, зашто истата организираше низа трибини на кои се разобличија сите нивни лаги и погубните планови на Хера, Маргини, Хелсиншки комитет и нивните пиони во Владата, Собранието, државните институции и спрегите и врските помеѓу нив. Емисијата е снимена пред околу два месеца, барем интервјуата со градоначалникот Костадин Костадинов и Аргирета Атева и требаше да се емитува уште тогаш, но веројатно НЕКОЈ проценил дека токму сега е моментот.
Тука се согласуваме! И ние мислиме дека подобар момент не можеа да изберат за да и оние луѓе во Струмица и Македонија, кои имаа некакви дилеми и сомнежи, конечно ги изгубат и да прогледаат во каква опасност се наоѓаме и што ни се подготвува, но и кој се стои зад овие поробувачки процеси. За поврзаноста помеѓу креаторите на оваа шарада, интерпретаторите и нарачателите нема да зборуваме.
Тоа му го препуштаме на слободно толкување на македонскиот народ, за кој за разлика од сите нив, не мислиме дека е глуп, а уште помалку наивен… Не очекувавме ништо помалку од заплашувања и замолкнувања од ваков тип и знаеме дека можат и „подобро” и повеќе, но треба да знаат дека за човек каков што е христијанинот, кога ќе е под притисок да се откаже од принципите кои му го осмислуваат животот и за кого дури и смртта е само премин кон живот вечен, сето ова е само ветер и магла“, напишаа од „Тивериопол“.