Реакција на Собранието на РМ на изјавата на Ана П. Данева

Од:

„Во врска со изјавата на пратеничката Ана Павловска Данева дека на пратениците кои го блокираа фоајето пред Сала 1 во зградата на Собранието на Република Македонија,  во неделата вечерта им било прекршено правото на приватност, известуваме дека се работи за целосна дезинформација преку која се прави обид да се манипулира јавноста.

– Во фоајето пред Сала 1 во зградата на Собранието, која практично е ходник, има една статична камера, која е дел од видео надзорот на Собранието на Република Македонија, а која таму е поставена уште во 2006 година. Целосна измислица е дека, како што изјавува Павловска Данева, додека пратениците биле во фоајето неовластено била поставена тајна камера. Впрочем, ако било така, како пратениците не го виделе тајното поставување на камерата во фоајето кога тие не го напуштиле повеќе од 24 часа!?

– Пратениците не го известија претседателот на Собранието на Република Македонија, ниту Генералниот секретар на Собранието дека ноќта 23 / 24 декември ќе го запоседнат фоајето кое е дел од собраниската зграда.

– Дел од пратениците и пратеничките групи имаат свои канцеларии во кои имаат право на приватност. Во одредени делови од зградата на Собранието, ходниците, фоајеата, скалишниот простор, салите, е неопходно постоење на видео надзор од безбедносни причини. Токму од тие причини, пратениците од опозицијата во многу ситуации упатувале барања за користење на снимки од истиот тој собраниски видео надзор“, се вели во реакцијата на Собрание на Република Македонија на изјавата на Ана П. Данева.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Обвинителство се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во ОЈО?

А1он