СДСМ: Ставрески го одби предлогот на опозицијата за социјални станови во Шутка

Од:

Од СДСМ реагираа на протестот од група Роми пред нивното седиште, за кој кажа дека е организиран од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа што ВМРО-ДПМНЕ денес организирано качи во автобус група на партиски активисти-Роми за да ги донесе пред партиското седиште на СДСМ, покажува дека овој режим не само што не се грижи за социјално ранливите категории на граѓани, туку е подготвен да ги понижи сите Роми, злоупотребувајќи ги за дневно политички потреби.

Власта продолжува дрско да ги потценува граѓаните.

Вчера, Ромите од Општина Шуто Оризари, видоа како министерот за финансии Зоран Ставревски, од инает го одби амандманот со кој опозицијата бараше 2 милиони евра за изградба на социјални станови токму во оваа Ромска Општина.

За Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се поважни рекламите, спомениците, златните ангели и жалните врби отколку иднината на Ромите и подобрувањето на животниот стандард.

Со ваквите фингирани протести, ВМРО-ДПМНЕ успешно го потхранува се поголемиот револт на граѓаните од нивните крајно неодговорни политики“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра