Реакција на Рашковски на соопштение на ФФМ и фирмата Атриум доо Вевчани

Од:

„Граѓаните на Македонија имаат право да ги поседуваат сите информации во врска со организацијата на големиот фудбалски натпревар, Супер купот на УЕФА. Уште еднаш потенцираме дека и покрај опструкциите и неодговорното однесување на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор за време на мандатот на претходната Влада, ќе ги вложиме сите напори за натпреварот да се одржи на “Телеком арената” во Скопје, а очите на светската спортска јавност да бидат вперени кон Македонија.

Иако фирмата Атриум реагира, Мукоски нема да може да го скрие Договорот за ангажирање за варосување на ѕидовите на Стадионот кој ги содржи сите детали за кои информиравме на прес конференција. Со реакцијата на Мукоски само се потврдува нивната вклученост, но и одговорноста која надлежните ја имале за преземените обврски наспроти исплатената цена.

Атриум не може да се повикува на никаква итност во постапката, зашто забелешките на УЕФА до ФФМ прв пат стигнале уште во септември 2015 година, односно пред речиси две години.

Последните забелешки испратени од УЕФА до ФФМ на адреса на Владата се пристигнати и заверени во архивата на Владата на 22 јуни 2017, што е седум дена, а не седум минути после датумот на кој УЕФА изреагирала до ФФМ.

УЕФА Супер купот е сериозен, историски настан за спортската јавност во Македонија и светот и заради тоа ни една институција, организација или компанија не смеела и не смее да се однесува неодговорно и непрофесионално при ваква алармантна состојба“, се вели во реакцијата на Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски.

Би можело да ве интересира

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Ревизорите алармираат: Владата плаќа скапи возила на лизинг без вистинска конкуренција

Владата ги испраќа кандидатите за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители

Влада: Средбата со УПОЗ е закажана за четврток, не знаеме кого чекал Трендафилов

Пет кандидати во трка за Државен јавен обвинител, пријавите доставени до Владата