Реакција на Платформата против корупција: 94 закони предложени во декември 2019 не се објавени на ЕНЕР

Од:

Владата на Република Северна Македонија во декември го прекршила сопствениот Деловник бидејќи од усвоени 120 закони, 94 не биле ставени на консултација на единствениот национален регистар на прописи – ЕНЕР, реагираат од Платформата на граѓански организации за борба против корупција.

Од Платформата посочуваат дека согласно Деловникот на Влада, сите предлози за донесување закон, нацртите и предлозите на закони кои што ги предлага Влада до Собрание, надлежните министерства имаат обврска да ги објават на својата интернет страница и на ЕНЕР и истите треба да бидат достапни за коментари од јавноста најмалку 20 дена од денот на објавувањето на ЕНЕР.

– Со ваквата пракса на масовно донесување закони по скратена постапка кои воедно не се објавени на ЕНЕР, јавноста и сите засегнати страни не се во можност навремено да се информираат, да дадат свој придонес и да се вклучат во подготовка на закони кои што ќе ги одразуваат потребите на граѓаните. Напоменуваме дека оваа состојба беше констатирана и пред парламентарните избори во 2016 година што пак создава една негативна предизборна пракса, се вели во реакцијата на Платформата за борба против корупција.

Како поспецифични значајни законски измени или нови законски текстови кои не го поминале филтерот на ЕНЕР од Платформата ги посочуваат измените на Законот за заштита од пушењето, Законот за стоковите резерви, Законот за работните односи, како и Предлог – закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Предлог- закон за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија.

Платформата на граѓански организации за борба против корупција е составена од 17 членки кои работат во полето на анти-корупција, владеење на право и добро управување.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

ДУИ бара меѓународен ветинг за високата корупција

Вицепремиерот за добро владеење за борбата против корупцијата зборуваше на албански и англиски, на македонски не можел да се изрази

Катерина Ѓуровски

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски