Реакција на Орка Холдинг на прес конференцијата на Златко Марин

Од:

„Во врска со наводите изнесени од страна на денешната прес конференција на Златко Марин, претседател на Општинска организација на СДСМ, поврзани со сопственост на земјиште во н. Аердром, компанијата Орка Холдинг АД Скопје ја проследува следната информација до јавноста:

Орка Холдинг преку една од своите ќерки фирми поседува удел од 20 отсто во фирмата Масив Констракшн. Ниту Орка Холдинг, ниту која било од нејзините ќерки компании никогаш не подигнале кредит на тоа земјиште и никогаш не го заложиле под хипотека.

Оттаму, го замолуваме господинот Марин веднаш да ја демантира својата изјава и да се извини, во спротивно ќе бидеме приморани да отпочнеме судска постапка за изнесените невистини, лаги и нарушување на угледот на компанијата“ се вели во реакцијата на Орка Холдинг.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Орка уби голема бела ајкула, нападот е снимен

Катерина Ѓуровски

Од Орка Холдинг сметаат дека се инволвирани во обвинителен акт поради одмазда за срушеното СЈО

А1он

Спасовски: Потврдувам дека се работи на расчистиување на работите во три фирми

Ана Ололовска