Општина Охрид реагира на соопштението на здружението Охрид SOS.
„Неколку пати ја известивме јавноста до сега, дека издаденото одобрение за изградба на споменатиот објект, е поништено од страна на Инспекцискиот совет со образложение дека инвеститорот, ненавремено известил за отпочнување со почеток на градежни активности.
Општина Охрид, донесе решение за поништување на правосилноста на одобрението за градба на хотелот во Лагадин, на што Инвеститорот со жалба, го обжали предметното решение до соодветната второстепена комисија при Министерството за транспорт и врски, од каде жалбата на Инвеститорот е уважена, а предметот го врати на повторно одлучување на Општина Охрид.
Наведениот предмет е во фаза на обработка и целосно постапување по насоките дадени од страна на второстепениот орган, и наскоро се очекува да биде донесена соодветна правна одлука“ се вели во реакцијата на Општина Охрид.