А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Реакција на општина Охрид

by А1он28/03/2017 - 14:20131
Share0

„Беспредметните патувања на општински трошок се ваш заштитен знак и за среќа на охриѓани, тие се веќе минато. Новото раководство на Локалната самоуправа, посветено и домаќински работи за подобрување на секојдневното живеење на граѓаните и промоција на Охрид, како светски позната топ туристичка дестинација.

Добивај вести на вибер

Она што Вие го нарекувата екскурзија всушност е работна посета на Руската Федерација, каде градоначалникот Никола Бакрачески во Москва ќе го промовира Охрид пред тур – операторите, туристичките агенции и туристичките работници, од каде што резултати се очекуваат уште од оваа туристичка сезона. Од самиот момент на преземање на локалната власт, градоначалникот Бакрачески воведе нови методи во промоција на туристичката понуда на Охрид, она што Вие уште тогаш го критикувавте денеска вродува со плод за што сведочи и перманентното зголемување на реализирани ноќевања од странски и домашни гости. Позиционирањето на туристичката понуда на Охрид на светската туристичка мапа повеќе не е мит, сега тоа е реалност.

Што се однесува на патувањето на секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, тоа се реализира на покана и на трошок од Стејт Департментот на САД.

Немање слух за проблемите на градот, присилување и уценување на вработените се дел од горкото минато на Охрид. Минато кое градот го доведе на работ на егизтенција,минато кое сите охриѓани сакаат што поскоро да го избришат од своето сеќавање“, се вели во реакцијата на општина Охрид.

ohrid

Би можело да ве интересира

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Горан Наумовски05/02/2026 - 07:54

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски04/02/2026 - 20:2104/02/2026 - 20:45

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Горан Наумовски28/01/2026 - 11:27

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 09:2512/01/2026 - 15:02

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски09/01/2026 - 09:3309/01/2026 - 12:33

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Горан Наумовски08/01/2026 - 09:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен