Реакција на општина Гевгелија: Франгов не е деспот

Од:

Одделение за односи со јавноста на општина Гевгелија, испрати реакција на вчерашниот текст со наслов „Откако Франгов е на власт, спортот во Гевгелија има најцрн биланс“, во кој беше објавено мислењето на Ристо Божинов.

А1он, почитувајќи ги новинарските стандарди ја објавува реакцијата во целост:

„Франгов не е деспот, властодржец, туку градоначалник избран од граѓаните на општина Гевгелија, кој по втор пат доби мандат, заедно со Советот на општина Гевгелија,да ги решава суштинските прашања од локална надлежност, па и тие што се однесуваат за спортот. Тој е градоначалник кој е предлагач на најголемиот буџет за спортот од сите општини во Македонија, сметајќи го тоа според бројот на жителите.

– Женскиот ракометен клуб „Гевгелија„ кој успешно егзистираше неколку години наназад, со откажувањето на луѓето кои го финансираа, повеќе не постои. Тука Градоначалникот не може ама баш апсолутно ништо да стори. Па зарем не гледате дека еден светски ракометен гигант, како што е „Атлетико„ од Мадрид згасна, токму поради финансиски причини. Зарем градоначалникот на Мадрид требаше да се меша во ова? А, колку да се знае,додека беше активен ЖРК „Гевгелија„ секоја година добиваше финансиски средства токму од буџетот на општината. А, токму во времето на градоначалникот Франгов тие средства за женскиот ракометен клуб им беа зголемени, најнапред од 300.000 на 500.000 денари, за да во последната година се издвојат 1.000.000 денари.

– Машкиот ракометен клуб не постои со децении. Тоа не е од вчера, па да е крив сегашниот градоначалник. Напротив, Градоначалникот Франгов дава поддршка на иницијативата, која неодамна ја презедоа неколку ракометни ентузијасти кои се обидуваат и машкиот ракометен спорт повторно да заживее во Гевгелија.

– Што се однесува до Кошаркарскиот клуб „Кожув„, новиот спортски бренд на Гевгелија, кој со своите натпревари во финалето на Македонското кошаркарско првенство против МЗТ Скопје и со натпреварите во БИБЛ лигата, допринесе за општина Гевгелија да се чуе надалеку, и кој предизвика невидена еуфорија меѓу гевгелиските навивачи, мора , господинот Божинов да знае, како што тоа го знаат и сите гевгеличани, дека основач на клубот КК Кожуф АД, е токму општина Гевгелија.

– Го прашуваме господинот Божинов кој е тој поголем дел од гевгеличани кои се навредени од фузионирањето на фудбалските клубови Миравци и Кожуф? Дали се тоа можеби самиот Божинов и неколку луѓе околу него, кои од 2000 година наваму ја блокираа сметката на ФК Кожуф, го менуваа името на екипата и регистрираа нови клубови, со додавки Јуниор, 92, Сениор и уште не знам кое друго, ги менуваа тренерите и претседателите на клубот како нечисти чорапи, и кои на крајот го донесоа клубот во третата македонска фудбалска лига?

– ФК Миравци не се форсира за сметка на ФК Кожуф. Напротив се прифати идејата на ФК Миравци и предлогот Градоначалникот Франгов го достави до советот на општината, кој предлог го усвои за застанување цврсто на нозе на фудбалскиот клуб од втора лига кој ќе го носи името Кожуф. Со фузионирање на двата клуба во еден, кој ќе се вика Кожуф Гевгелија, се создава еден силен фудбалски клуб Кожуф кој не само што ќе се натпреварува во втората лига, туку има потенцијал и квалитет, веќе наредната година, да биде респектабилен клуб и во Првата македонска фудбалска лига. Па, зарем тоа му смета на Божинов? Па зарем е тоа тој „црн биланс„ за кој зборува господинот Божинов.

– Градоначалникот Франгов ниту рушел, ниту има намера да руши, туку со секојдневната работа се обидува да гради на сите полиња, па и на спортското. Доказ за тоа се и новиот фудбалски терен во Миравци, двојното тениско игралиште и мултинаменското спортско игралиште во поранешниот комплекс „Касарна„, како и многуте детски и спортски игралишта изградени во Гевгелија и во сите населени места. Впрочем, негова главна обврска е да ги развива масовниот спорт, училишните спортски активности, спортските манифестации и Општинскиот сојуз на училишни спортови, а не само професионалниот спорт. За таа цел во 2012 та и 2013та година од буџетот на општина Гевгелија за Програмата за финансирање на спортските активности на општина Гевгелија беа одвоени 8.000.000 денари, со што општина Гевгелија е меѓу првите општини во Македонија која издвојува толку финансиски средства за спортот и неговиот развој“, се вели во реакцијата на Општина Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он

ЦУК: Спасен е човекот кој беше завеан и кој одбиваше помош за да не ги остави своите кучиња

Орце Костов