А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Реакција на општина Гази Баба пресот на СДСМ во Камник

by А1он22/07/2017 - 15:43264
Share0

„Градоначалникот Тони Трајковски со жителите на населеното место Камник како и со жителите на улица 5 и 6 во изминатиот период имаше неколку средби на лице место, на кои средби се разговараше за приоритетите и заеднички се планираа активностите. Жителите од овие две улици прво побараа да се реализира проектот за атмосферската канализација, а потоа да се асфалтираат истите. Како резултат на заеднички договорените активности, деновиве се започна со асфалтирање на улиците

Добивај вести на вибер

Но, советниците од советничката група на СДСМ Гази Баба, наместо да помогнат во реализацијата на проектите на општината, прават опструкција и пред жителите од овие улици предлагаат несоодветни решенија, за наводно решавање на проблемот.

Само потсетување, „загрижените“ членови на Советот кога се гласаше Програмата каде што беа ставени улиците од населеното место Камник, и кога се гласаше за донесувањето на Буџетот на општината, гласаа ПРОТИВ, а сега презентираат дневна политика и како и на државно така и на локално ниво, продолжуваат да ги опструираат проектите, по можност и да ги стопираат, се со цел да направат умилкување на граѓаните и прибирање поени во период пред локалните избори.

Градоначалникот со цел да не бидат доведени во заблуда и манипулирани граѓаните, закажа средба со жителите од населеното место Камник за понеделник во 11ч., каде ќе бидат договорени понатамошните заеднички активности“, се вели во реакцијата на општина Гази Баба на пресот на СДСМ во Камник.

gazi babasdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Горан Наумовски30/03/2026 - 12:46

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Горан Наумовски30/03/2026 - 11:55

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 10:58

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Горан Наумовски24/03/2026 - 11:52

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто