Реакција на општина Центар на прес конференција на Јована Мирчевска, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Центар

Од:

„Како што известивме претходно, поради неочекувано пролонгирање на градежните работи околу реновирањето на основното училиште „Гоце Делчев“, учебната година за учениците во ова училиште ќе започне со мало задоцнување, односно во понеделник (10.9.2018).

Во текот на летниот распуст, општина Центар по речиси 20 години, интервенираше во училиштето со доградба на нови училници и поставување на енергетски ефикасна фасада, со што ќе се подобрат условите за работа, и ќе се овозможи едносменска настава на учениците.

Освен во училиштето Гоце Делчев, општината заврши со градежните зафати и во училиштата „Св. Кирил и Методиј“,„11-ти Октомври“, „Кочо Рацин“ и „Коле Неделковски“; и сите училишта на територија на Центар функционираат нормално и според предвидената динамика.

Заложбата за поквалитетно образвование на нашите најмлади, општина Центар ја реализира и преку изградбата на најмодерното и училиште по сите европски стандарди и стандарди за квалитет, основното училиште “Капиштец“.

Градоначалникот Саша Богдановиќ и директорката на основното училиште, заедно со одговорните во општината, темелно ќе ја испитаат настанатата ситуација и ќе постапат по истата.

Изгубените часови учениците ќе ги надоместат во договор со наставниците и одговорните во училиштето. Она што нема да се надомести е штетата која ВМРО – ДПМНЕ ја нанесе на образованието и на образовниот систем, како на локално, така и на централно ниво“, се вели во реакцијата на општина Центар на прес конференција на Јована Мирчевска, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар