Реакција на МВР: Објавеното е донација за опрема за специјалните единици на МВР

Од:

Денешната конструкција на четвртоосомничениот во аферата „Пуч“ ги потврдува сомненијата дека основната цел на агентурната мрежа и останатите инволвирани во случајот е рушење на институциите и безбедносниот систем на Република Македонија, реагира Министерството за внатрешни работи на денешната прес-конференција на лидерот ан СДСМ Зоран Заев.
Според МВР, инволвираните во овој случај очекуваат ослабување на капацитетите и отварање на слободен простор за реализирање на нивните сценарија за уривање на слободната волја на граѓаните.

Целата јавност, наведува МВР, денеска била сведок на обид за директно инволвирање на официјални институции и пријателски служби од земји кои во бројни наврати ја докажале својата блискост со Република Македонија.

– За да не дозволиме јавноста да биде изманипулирана, сакаме да потенцираме дека тоа што денеска беше објавено претставува донација за опрема, не за следење на комуникации, туку опрема за припадниците на специјалните единици на Министерството за внатрешни работи. Станува збор за помош која ја доби МВР во висина од 5.557.377 евра. Станува збор за над 5.5 милиони евра, туѓи пари, помош за поголема ефикасност на специјалните единици. За сето ова постои и официјален Договор за донација кој е класифициран со највисок степен како државна тајна, соопшти Министерството.

МВР посочува дека четвртоосомничениот во аферата „Пуч“, со денешниот настап покажал дека е против поголема ефикасност и поголема лична безбедност на полициските специјалци.
– Министерството за внатрешни работи сака и јавно да се извини до израелското Министерство за одбрана за денешниот срамен настап на четвртоосомничениот и да изрази уверување дека ставовите на вакви луѓе не се и официјални ставови на Република Македонија, Се надеваме дека блиските односи и соработката ќе продолжат и во иднина на највисоко ниво. Грѓаните на Република Македонија и Министерството се благодарни за донираната помош и убедени се дека ваквите испади нема да ги нарушат досегашните односи, стои во реакцијата на Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Запленет кокаин во Гевгелија, лишен од слобода дилер, одреден му е притвор

СДСМ бара Сиљановска да не го потпишува Указот за Законите за полиција и МВР

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци