Реакција на МВР на соопштението на ВМРО – ДПМНЕ

Од:

Соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ јасно покажа дека декриминализацијата и професионализацијата што се спроведува по доаѓањето на министерот Оливер Спасовски на чело на Министерството за внатрешни работи ги направи нервозни оние кои беа навикнати МВР со години да го третираат како своја партиска филијала, се наведува во пишаната реакцијата од МВР на денешното соопштение од ВМРО – ДПМНЕ.

– Министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски, соработниците во неговиот Кабинет и сите вработени до кои беа упатени отворените закани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ќе продолжат со истата енергичност и посветеност да работат на откривање на криминалите кои во последниве години целосно го уништија кредибилитетот на сите државни институции, вклучително и на Министертвото за внатрешни работи, се вели во реакцијата.

Министерот Спасовски, се посочува, ги охрабрува сите вработени во министертвото да продолжат да си ги извршуваат своите работни обврски и задачи, професионално и согласно законите.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он