Реакција на МВР на изјавата на Жерновски

Од:

Министерството за внатрешни работи дејствувало и дејствува во рамки на законските ингеренции, стои во пишаната реакција на денешната изјава на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

– Мора да е непријатно кога од позиција на функционер треба да ги напаѓате и валкате професионалните полициски службеници кои секојдневно ги ризикувале и ги ризикуваат сопствените животи за безбедноста на Андреј Жерновски и сите граѓани на Општина Центар. Мора да е горчлив вкусот кога од истите тие полициски службеници барате да расчистуваат кражби на кабли, а по партиски медиуми сте објавувале кражби на документи од тоа што градел некој пред вас, бидејќи во ваше време не постои такво нешто, стои во соопштението од МВР.

Ова „мора“, се подвлекува во реакцијата од МВР, сепак важи за човек со дигнитет.

– Ова „мора“ не важи за некој чие единствено достигнување во мандатот се лагите и манипулациите, се вели во реакцијата.

– Граѓаните на општина Центар очигледно избраа човек кој се согласи врвот во кариерата да му биде да биде повикан од Зоран Заев на прес-конференција, доколку Верушевски се согласи на тоа преку рачно напишано писмо, стои во пишаната реакција од МВР.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба