А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Реакција на Министерството за култура на обвинувањата на СДСМ за Скупи

by А1он06/11/2016 - 13:4051
Share0

Основната разликата помеѓу Роберт Алаѓозовски и Министерството за култура на Република Македонија е во тоа што Алаѓозовски одработува партиска предизборна агенда зададена од своите политички ментори во СДСМ, додека Министерството за култура на Република Македонија е институција која сериозно и посветено ги реализира активностите предвидени со годишните програми за работа, почитувајќи ги законите и сложените законски процедури во функција на сите граѓани на Република Македонија.

Добивај вести на вибер

Кога Роберт Алаѓозовски и СДСМ говорат за заштита на културното наследство во Република Македонија,треба да се потсетат дека во времето кога имаа можност да ги креираат културните политики во земјава, не реализираа ниту еден единствен проект од областа на заштитата на културното наследство. Алаѓозовски и СДСМ треба да се потсетат дека во време на владеењето на СДСМ не е изграден ниту реконструиран ниту еден единствен објект со кој би се збогатила културната инфраструктура во Република Македонија. Говорејќи за нивната омилена тема-тендери, Алаѓозовски и СДСМ треба да знаат дека во време на нивното владеење термините закон, процедура и тендер беа само мисловни именки бидејќи сите реализирани договори беа склучувани во четири очи и со непосредни договори. Дали кога Алаѓозовски и СДСМ говорат за “фамилијата” мислат на фамилијарните односи на лицата кои директно ја реализираа единствената инвестиција на СДСМ во областа на културата- Меморијалниот центар во Пелинце? Министерството за култура уште еднаш најостро ги отфрла сите лаги и инсинуации изнесени во денешното соопштение на Алаѓозовски и СДСМ, кои како производ на бујната фантазија претставуваат предизборен памфлет за дневно политички цели.

kultura

Би можело да ве интересира

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 14:58

Во македонскиот КИЦ во Белград одржана музичка вечер – Портрет на Зафир Хаџиманов

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 11:09

Отворена изложбата „Балканскиот јунак Марко“

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 10:19

Импресивна изведба на шпанскиот тенор Елаис и италијанскиот пијанист Барбаџелата на новогодишниот концерт на „Охридско лето“

Предраг Петровиќ21/12/2025 - 11:16

Успешно завршени Деновите на македонската литература за деца во Белград

Предраг Петровиќ26/10/2025 - 11:54

Фотографии од браќата Манаки во старо-ново руво

Предраг Петровиќ24/10/2025 - 15:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен