Гајдов: Кисела Вода изгласа грб и знаме и покрај негативното мислење на Македонското Хералдичко Здружение

Од:

На ден 10.06.2015 година, Советот на Општина Кисела Вода, по предлог на Комисијата за избор на нови грб и знаме на Општина Кисела Вода, ги изгласа новите симболи на Општина Кисела Вода и покрај негативното мислење дадено за предлог грбот и знамето од страна на стручниот советник Петар Гајдов, потпретседател на Македонското Хералдичко Здружение.

Изгласаните “грб” и знаме не ги исполнуваат барањата на конкурсот, а уште поважно, „грбот“ го прекршува Законот за локална самоуправа.

„Грбот“ не ги исполнува хералдичките стандарди, тој не може да се блазонира (да се опише хералдички), и како таков стручно може да се категоризира како амблем/лого, но никако и грб, што е спротивно на условите на конкурсот. Дополнително, содржејќи апликација на знамето на Република Македонија тој го крши и Законот за локална самоуправа, каде во член 10, став 2, стои дека “грбот и знамето на општината се разликува од грбот и знамето на Република Македонија и грбот и знамето на другите општини и Градот Скопје”.

Изгласаното знаме не ги исполнува вексилолошките правила и стандарди. Тоа е само црвено платно на кое е аплициран новизгласаниот “грб”/амблем. Според вексилолошките правила и стандарди знамето треба да биде чисто вексилолошко, без апликации на грбови и амблеми.

Македонското хералдичко здружение жали за пропуштената прилика на Општина Кисела Вода да донесе хералдички исправен грб и вексилолошки исправно знаме, и повикува на укинување на одлуката за избор на нови општински симболи и распишување на нов конкурс. Македонското хералдичко здружение, како единствено стручно тело за хералдика и вексилологија во Република Македонија, е секогаш подготвено за соработка со цел добивање на хералдички и вексилолошки исправни симболи на Општината.

Би можело да ве интересира

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности во првиот квартал

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ