Реакција на „Меѓаши“: Со конкурсот за есеи на НАТО се манипулираат децата

Од:

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ со реакција до медиумите за конкурсот за творби на тема НАТО за деца од 7 до 14 години. Од „Меѓаши“ велат дека се загрижени, затоа што темата од оваа област не соодветствува на возраста на децата и сметаат дека на овој начин се врши манипулација и индоктринација на деца од основните и средни училишта во државата.

„Првата детска амбасада во светот ‘Меѓаши’ остро реагира на активноста на ‘ГАУС институт – фондација за нови технологии, иноваации и трасфер на знаење’ на последната активност за одбележување на годишнината на НАТО во основните и средните училишта. Формата е класичен начин на одбележување годишнина преку раскази, есеи и цртежи каде се дава можност дури и за критики, но сепак забележлив е позитивниот контекст кој се дава на НАТО и одбележување на годишнината.

Во соопштението до медиумите „Меѓаши“ ја прозва министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, која преку „Фејсбук“ ги повикува децата да се вклучат во конкурсот и ги охрабрува учениците пред да конкурираат прво да се информираат за негативните последици, па потоа да се пријават.

„Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ги повикува учениците да се вклучат во пишувањето на есеи преку својот фејсбук-профил притоа не потенцирајќи дали да пишуваат за последиците или за причините за формирање, за позитивните ефекти или негативните или, пак, за статистиките на загинати деца во конфликтите во кои учествувала алијансата? Можеби се работи за тема која ќе ја разбуди емпатијата кај средношколците и би пишувале за децата чии родители загинале во воените конфликти и животот по загубата на родител, или, пак, за животот на родители по загубата на дете во еден таков воен конфликт од кој НАТО било дел.Првата детска амбасада во светот ‘Меѓаши’ ги повикува и поттикнува учениците кои решиле да конкурираат на овој конкурс добро да се запознаат со НАТО-алијансaта, со сите негативни импликации, да ги согледаат поготово последиците и да се обидат да ги почуствуваат болката и тагата од војната и да ги пресликаат тие чувства на есеите со кои ќе аплицираат. Бидејќи ние сме луѓе, а луѓето треба меѓусебно да се почитуваат, сакаат и разбираат“, порачуваат од првата детска амбасада.

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ цврсто верува и се залага за промоција на мирот и ненасилната трансформација на конфликти, воедно верувајќи дека свет без алијанси кои промовираат моќ, демонстрираат сила и сеат страв, би бил подостоен за живеење, велат од Меѓаши.

„Идејата за заштита и промовирањето на заштитата како основа за формирање на вакви алијанси не ги исклучуваат можностите за агресија и напад преку што се нанесуваат неизмерни штети со бројни жртви. Едукацијата за формите за одбрана и агресија преку соработки меѓу земјите во светот треба да се изучува во наставните програми и јасно да се даде на знаење на децата за ефектите и бројот на жртви како последица од активностите на ваквите воени алијанси. Поради страотните информации и слики, како и видеоприлози од ефектите на делувањето на овие алијанси децата во училиштата ги учат причините за формирање, но не толку и последиците од формирањето, и со право е тоа така. Сакаме да ги заштитме децата од трауми!“, апелираат од Меѓаши.

„Меѓаши“ потсети дека и порано укажувала на политичка, партиска и воена злоупотреба на децата за агитирање и кампања за влез на Македонија во НАТО.

„Повторно сметаме дека со вклучувањето на децата во политички цели се повредени следните права од членовите од Уставот и Законот за заштита на децата. Во сите активности кои се однесуваат на децата, од примарно значење се интересите на детето , без оглед на тоа дали ги спроведуваат јавните или приватните институции за социјална заштита, судовите, административните органи или законодавните тела. Државите членки се обврзуваат на детето да му обезбедат таква заштита и грижа кои се неопходни за неговота благосостојаба, замајќи ги во вид правата и обврските на неговите родители, законските старатели или на други поединци кои се правно одговорни за детето и за таа цел ги праземаат сите потребни законодавни мерки“, велат од „Меѓаши“.

„Меѓаши“ на крајот упатија уште еден апел до политичките партии за внимателно и промислено однесување при поставување теми кои ќе промовираат соживот и позитивни вредности кај децата и младите без присуство на воени структури и воени дејствија.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата