Реакција на МАНУ за наводите за прислушување

Од:

Македонската академија на науките и уметностите во денешното соопштение до медиумите наведува дека иако во недостиг на изворни информации, го оценува чинот на прислушување како тежок удар врз слободите и правата на граѓаните, особено врз нивното право на приватност и неповредливост на слободата на комуницирање.

– Самиот факт дека се непосредно загрозени граѓанските слободи и права укажува на сериозноста која ваквите дејства ја имаат врз безбедноста, стабилноста и врз интегритетот не само на секој граѓанин туку и на општеството во целина. Поради тоа МАНУ очекува сите одговорни субјекти и институции да ги преземат своите законски овластувања и мерки за надминување на создадената состојба, стои во соопштението од МАНУ.

Би можело да ве интересира

Грозданов: Наместо стратегија за развој, МАНУ испорача исполнување на желби на поединци

Грозданов: Предлог Стратегијата на МАНУ за минерални суровини треба да биде одбиена

Македонија беше центар на европската хематолошка научна фела

А1он

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Евроинтеграциските процеси на државава е „комплетно блокирана со ирационалниот спор со нашите соседи“, вели Попов

Попов: Партизацијата на општеството доведе до нефункционален правосуден систем