Реакција на Клиничка болница Тетово

Од:

Од Клиничката болница во Тетово со реакција на објавената вест од Инбокс 7 која ја пренесе А1он.

inbox7-ps

 

Во продолжение целата реакција на Клиничката болница од Тетово.

„Зошто не ги објавивте и овие слики? Се согласуваме дека не треба да се објавуваат само убавите слики и да се креира лажно розева слика, но подеднакво деградирачко и непрофесионално е да се објавуваат само негативните слики, особено ако некои од нив се измислени или сликани на друго место со цел дополнително да се зачини негативниот впечаток, кој очигледно сте имале намера да го креирате.

KBTetovo foto2

За среќа, граѓаните многу малку ја гледааат болницата низ вашиот објектив, а во најголем број ја гледаат со свои очи – ниту многу розова, ниту претерано црна. Уште поголема среќа е што граѓаните се мудри, па не можете да успеете да ги заслепите на начин што ќе ги приморате се да гледаат низ вашиот наменски црн објектив.

Конечно, многу убаво се сеќаваат и паметат луѓето, а сигурни сме и вие, како беше и каква опрема имаше, а каква е сега!

KBTetovo foto1

Имено, податоците говорат дека во врвна здравствена установа се реализираат над 2.400 породувања на годишно ниво, а истовремено се бележи намалување на бројот на абортуси (во 2012 година биле извршени 503 абортуси, во споредба со 2013 кога се извршени 443 абортуси). Исто така, потсетуваме дека е извршена комплетна реконструкција на Гинеколошко-акушерското одделение при КБ Тетово во 2012 година, пришто се опфатени сите санитарни јазли, како и подовите во акушерското одделение,родилните сали и операционите сали.

KBTetovo foto3

Набавена е и нова опрема, која вклучува 4-D ултразвучен апарат, анестезиолошки апарат за операциона сала, лапараскопски столб, оперативен стол, рефлектор за операциона сала, електрокаутер, инкубатор, како и инструментариум за операции“.

Би можело да ве интересира

Двајца полицајци од Тетово помогнале во уништување на докази за двајца уапсени дилери

Горан Наумовски

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

(ВИДЕО) Катка Божиновска: Вреди да се бориме за Тетово!

А1он

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Почетокот на судскиот процес за театарот и библиотеката повторно одложен – нов термин закажан за 8 октомври

Семејство од Тетово бара помош: Исчезнат е 83-годишниот Ѓорѓе Серафимовски