Реакција на ЈП „Охридски комуналец“ на соопштението на СДСМ

Од:

„Тврдењата од СДСМ дека работници во ЈП „Охридски Комуналец“ против правно биле казнети целосно ги демантираме и ги оценуваме како груби манипулации и извртување на вистината за остварување на ситни политички поени.

А вистината е следна: во ЈП „Охридски Комуналец“ поведена е постапка за утврдување на редовност на вработените и констатирано е дека 62-ца вработени нередовно доаѓале на работа со што го прекршиле правилникот за редовност и согласно законот за работни односи покрената е постапка против нив. Дополнително е утврдено дека осум од нив оправдано отсуствувале по друг основ и постапката за овие осум вработени е прекината, за останатите постапката се уште е во тек и до нејзино конечно завршување никој од нив се уште не е казнет. Постапката ќе се спроведе до крај, без разлика за кого се работи, од која партија е или на која друга провиниенција припаѓа.

Воедно го информираме раководството од СДСМ и јавноста дека времињата на хаос и безредие во ЈП „Охридски Комуналец“ се минато свршено и се надеваме никогаш неповторливо време.

Времињата кога работници се казнуваа од око, по желба на поранешното раководство претпријатието, денес скапо ги плаќа подмирувајќи судски трошоци, камати и оштети за десетици работници кои поранешното раководство ги казнило без никаков основ, а жртвите на ова изживување правдата си ја побараа на Суд“, се вели во реакцијата на ЈП „Охридски комуналец“ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум