Реакција на ХЕРА: МОН даде позитивно мислење за развој на учебникот

Од:

По денешната изјава на министерот за обрзование и наука Спиро Ристовски дека ја отфрла и иницијативата на граѓанската организација ХЕРА за воведување на посебен предмет сексуално образование во македонскиот образовен систем како и предлог за употреба на нивниот прирачник како средство за едукација, од ХЕРА реагираат дека уште во 2011 година во преговорите со Бирото за развој на образованието (БРО), ја прифатиле идејата да се направат надополнувања, односно да се обезбедат прирачни материјали за наставниот кадар, во рамки предметот Образование за животни вештини.

„Министерството за образование (МОН) и наука и БРО изразија позитивно мислење за развој на учебник со којшто ќе се подбори наставата за Образование за животни вештини. Учебникот беше изготвен во согласност со методологијата на предметот Образование за животни вештини. Дополнително, беше земена предвид Рамката за сеопфатно сексуално образование, во чија изработка учествуваше и МОН“, стои во реакцијата од ХЕРА.

За главната причина зашто учебникот досега не е промовиран во јавноста како и што ја иницира денешната петиција, од ХЕРА објаснуваат дека МОН заедно со министерот Ристовски, според предходните упатства биле известени за изготвениот материјал, на два пати оваа година било побарано и мислење. Од тогаш, ХЕРА имаат добиено писмо од БРО каде ги упатиле да почекаат да добијат мислење од МОН.

„Оттука не е јасна изјавата на Министерот дека денес првпат слуша за барањата од петицијата, а не може да се разбере фактот дека Ристовски има согледувања за содржината на учебникот и дава критички осврт на неговите содржини“ стои во реакцијата на ХЕРА.

ХЕРА бараат од министерот Ристовски да им достави официјален одговор, да ја сподели рецензијата на која се повикува, какои да ги аргументура обвинувањата за „за експлицитни содржини и несоодветноста за возраста на децата“.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

„Хера“: За Ромките во државава се уште има предрасуди, отколку работните места

Ана Ололовска

Поддршка од 93 граѓански организации за приоретизирање на родовата рамноправност во основно образование

Ана Ололовска

Кампања за лицата со интелектуална попреченост на Специјалната олимпијада Македонија и ХЕРА

Ана Ололовска

ХЕРА: Владата да ги гарантира здравствените услуги на бремените жени

Ана Ололовска

ВИДЕО: Родителите се согласуваат во училиштата да се предава сеопфатно сексуално образование

Ана Василевска

ХЕРА: Сексуалното образование да се изучува како изборен предмет во основните училишта

Ана Ололовска