Реакција на ЕЛЕМ ТУРС

Од:

„ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје реагира на изнесените наводи од страна на Иницијативата на граѓани „Да ја спасиме Попoва Шапка“ со кои паушално се критикува скијачкиот центар Попова Шапка. Без намера да навлегуваме во мотивите на обвинувања на неколку поединци информираме дека скијачката сезона на Попова Шапка се одвива во согласност со организациските политики на ЕЛЕМ ТУРС и без поголеми проблеми. Цела постојна инфраструктура е во функција, а скијачките патеки се одлично подготвени.

Денес сабота, 28.01.2017 на Попова Шапка со исклучок на „Аеродром“ цела скијачка инфраструктура односно жичарите и скилифтовите работат и функционираат беспрекорно. Само денеска се продадени и искористени 1.100 билети што како податок зборува дека туристичката сезона во овој скијачки центар е во полн ек. Нивото на сигурност и безбедност како стандард во работењето на скијачката инфраструктура е исполнето контролирано и сертифицирано од за тоа овластени тела. Се до реализација на инвестициите кои ги водиме, скијачкиот центар мора да работи со постојната опрема и капацитет и наша краткорочна цел е тоа да биде одржливо за пристојно скијање и релаксација оваа сезона.

Точно е дека скијачката инфраструктура е застарена, како што е вистина дека ЕЛЕМ ТУРС има план за развој на Попова Шапка. Всушност планот е веќе почнат и со реализација на терен со изградбата на шестоседата жичара која е во тек. И проектите како што се проширување на паркинзи, реновирање на хотелите, систем за заснежување се целосно подготвени и нивнат реализација се одвива во динамика која што не е целосно зависна од инвеститорот, туку од сплет на услови кои по својата природа се институционални, регулаторни, имотно правни и геолошки и не зависат од волјата и политиките на ЕЛЕМ ТУРС.

Сепак со верба дека иницијаторите имаат чесни намери и иницијативата е произлезена од нивната грижа за подобро работење и услови за функционирање на Попова Шапка, ги повикуваме на непосреден состанок во дирекцијата на друштвото каде ќе ни претставува задоволство да размениме наши позитивни и негативни искуства, што можеби ќе резултира со воспоставување соработка и помош во промоција на Попова Шапка како зимска дестинација и кои со идеи можат да придонесат во решавање на тековните проблеми во интерес на сите посетители на најголемиот скијачки центар во Република Македонија.

Управата стои на располагање за сите потребни информации“, се вели во реакцијата на ЕЛЕМ ТУРС по повод денешната прес конференција на нeколку поединци поврзана со состојбите на Попова Шапка.

Би можело да ве интересира

Спасувачка акција на Попова Шапка: двајца повредени, со квадрицикл излетале во провалија

Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа

Автомобил излета од патот Тетово – Попова Шапка, загина возачот, 80 годишен Австриец

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ангелов од Попова Шапка: Ќе бараме решение да се намали ризикот од средби со мечките, ова е сепак територија во која природно припаѓаат

A1on

По половина месец повторно можност за скијање на Попова Шапка

Горан Наумовски

На Попова Шапка утрово -13 степени