Реакција на Државна Видеолотарија на Македонија на соопштение на АСОМ

Од:

Државна Видеолотарија на Македонија (ДВЛМ) реагира на соопштението на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ).

Реакцијата ја пренесуваме интегрално.

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) во своето соопштение до јавноста од 21.12.2020 година, а објавено на медиумите под наслов “АСОМ: Владата итно да ја продолжи уредбата за он-лајн спортско обложување – државата ризикува да изгуби стотици милиони денари во буџетот” посочува дека ниту Државна видео лотарија на Македонија (ДВЛМ) нема право да приредува интернет игри на среќа и дури изразува сомнеж дека ДВЛМ тоа нема да го почитува.

Во врска со погоре изнесените невистини и клевети од страна на АСОМ би сакале јавноста да ја информираме за следнава правна и фактичка состојба:

Прво, Уредбата со законска сила за примена на Законот за игри на среќа и забавните игри за време на вонредна состојба (Службен весник на Република Северна Македонија бр.108 од 24.04.2020 година и заведена под број 44-3323/1), со која приредувачите на игри на среќа имаа право, преку интернет, да ги приредуваат игрите на среќа кои ги имаат уредено со Правилата за игри на среќа одобрени од страна на Министерството за финансии, согласно издадената лиценца, престанува да важи од 22.12.2020 година, односно сите приредувачи на интернет игрите на среќа кои вршеле приредување на интернет игри на среќа врз основа на Уредбата мора да прекинат со приредување на интернет игрите на среќа преку нивните платформи.

Второ, Државна Виделотарија на Македонија, како друштво основано со заедничко вложување на Државна лотарија на Македонија и Касинос Аустриа Интернатионал ДОО, согласно член 7 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри (ЗИСИЗИ) има право да ги приредува и интернет игрите на среќа до истекот на траењето на Договорот за основање, а овластувањето за приредување на интернет игрите го има од самиот закон (ex lege) и не подлежи на системот на лиценцирање како што подлежат другите приредувачи кои имаат намера да ги приредуваат и интернет игрите на среќа.

Уште еднаш потенцираме дека правото на Државна Видеолотарија на Македонија да приредува интернет игри на среќа е уредено, дозволено и временски неограничено според Законот за игрите на среќа. Услугите на 2win.mk се достапни од 2015 година и ќе бидат непрекинато достапни и во иднина.

Би можело да ве интересира

АСОМ: Остануваме конструктивен партнер за вистинска јавна дебата за игрите на среќа

АСОМ: Ќе дозволат ли народните избраници десетици илјади вработени да останат на улица

Катерина Ѓуровски

АСОМ: Примерот со Албанија ги потврди нашите апели – ограничувањето на легалните игри на среќа ја отвора вратата за игрите на црно

Катерина Ѓуровски

АСОМ: ЕУ го блокираше Законот за игри, Пендаровски ја препозна злоупотребата на ЕУ знаменцето

Горан Наумовски

Пендаровски се консултира со експерти за Законот за игри на среќа: Уште нема став дали ќе остане на изјавата дека нема да стави потпис

Александар Тодески

АСОМ: Ќе го оспориме процесот на носење на Законот за игри на среќа во целата постапка