ДВЛМ сио системски пристап кон одговорното играње

Од:

Превенцијата, едукацијата и стручната поддршка се темелите на долгорочната посветеност на Државна Видеолотарија на Македонија Касинос Австрија за намалување на ризиците од проблематично играње игри на среќа.

Одговорното играње не започнува тогаш кога ќе се појави проблем. Тоа започнува многу порано, со информираноста, разбирањето на ризиците, развивањето свесност и навременото препознавање на предупредувачките знаци.

Државна Видеолотарија на Македонија Касинос Австрија преку иницијативата „Играј одговорно“, гради континуиран пристап кон превенцијата, едукацијата и психо-социјалната поддршка. Целта е да се поттикне одговорно однесување, но и да се обезбеди пристап до стручна помош за лицата кои се соочуваат со предизвици поврзани со играњето игри на среќа.

Од 2019 година, иницијативата се развива како долгорочна програма за советување, превенција и поддршка, насочена не само кон поединците туку и кон нивните семејства. Преку мрежата на советувалишта во Скопје, Куманово, Прилеп и Радовиш, стручната помош станува подостапна за граѓаните во различни делови од земјата. Со отворањето на советувалиштето во Радовиш во април годинава, мрежата доби уште една точка за поддршка и дополнително го прошири својот опфат.

Овој пристап се темели на ставот дека одговорното приредување игри на среќа подразбира многу повеќе од почитување на законските обврски и меѓународните стандарди. Тоа подразбира активна грижа, вложување во превентивни механизми, континуирана едукација и создавање услови за навремена стручна интервенција.

За Државна Видеолотарија на Македонија Касинос Австрија, општествената одговорност е составен дел од работењето. Преку „Играј одговорно“, компанијата ја потврдува својата определба за градење култура на информираност и свесност, во која препознавањето на ризиците и навременото барање помош се важен дел од одговорното однесување

ИГРАЈ ОДГОВОРНО. БИДИ ИНФОРМИРАН. ПОБАРАЈ ПОДДРШКА

Би можело да ве интересира

Среќни ВЛТ вести: Дарко Ивановски од Кратово освои милионер џекпот од 1.265.797 денари

ВЛТ навива: Вардар го доби вечното дерби со Пелистер

Сведок на судењето за „Државна лотарија“: Како членови на УО требаше да се изјасниме за набавката на ВЛТ терминалите, за постапката дознав по нејзиното завршување

Видеолотарија Казинос Австрија ја поддржува уметноста: „Набуко“ на сцената на Националната опера и балет

Катерина Ѓуровски

Видеолотарија Казинос Австрија ја поддржува уметноста: „Дамата со камелии“ на сцената на Националната опера и балет

Одложено испитувањето на сведоците во случајот „Лотарија“, за доказите одбраната ќе се произнесе на 30 октомври

Катерина Ѓуровски