А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Реакција на АД ЕЛЕМ на прес конференцијата на СДСМ

by А1он30/12/2014 - 16:49100
Share0

„Постојните електроцентрали  на АД ЕЛЕМ  испорачуваат  електрична енергија во согласност со потребите на тарифните потрошувачи.  Производството на јаглен за потребите на термоелектраните Битола и Осломеј во текот на завчерашниот ден кога се регистрирани големи снежни наноси во постојните рудници  се одвиваше во отежнати зимски услови и  вработените во овие капацитети вложија натчовечки напори за обезбедување на стабилна експлоатација на јаглен што како  секојдневен процес  беше прилагоден  на актуелните  временски  прилики.

Добивај вести на вибер

Впрочем, превземените мерки  се сосема вообичаени во услови на вонредни временски околности, со цел да се зачува безбедноста на техничко-технолошката опрема и човечкиот кадар, а истовремено да се обезбеди континуитет во испораката на електрична енергија.

АД ЕЛЕМ поради отежнати  услови го исклучи  ТЕ Битола 3  во текот на ноќта кога потрошувачката  на електрична енергија е најмала со цел да изврши техничка интервенција,  и по десетина часа термоблокот повторно беше  вклучен во електро енергетскиот систем и тоа во период кога и  потребата од електрична енергија е најголема. Овој капацитет  веднаш по зафатот  продолжи да произведува во согласност со потребите на тарифните потрошувачи.

Во ноември производството на електрична енергија од капацитетите на АД ЕЛЕМ е на планираното ниво и во целост се испорачани потребните количини кон операторот за дистрибуција на електрична енергија за задоволување на потребите на тарифните потрошувачи.   Притоа, во тој период за кој зборува СДСМ нема дополнителен увоз на електрична енергија, надвор од оние количини  што  согласно законот за енергетика  го увезува АД ЕВН за покривање на техничките загуби во дистрибутивната мрежа.

Исто така, не е точно дека годинешното произвдство на електрична енергија во РЕК Битола  е под 3.000 гигаватчаса. Производството се оптимизира и прилагодува врз потребите на домаќинствата и малото стопанство“, се вели во реакцијата на АД ЕЛЕМ на прес конференцијата на СДСМ.                                  

sdsmstruja

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски07/03/2026 - 14:3207/03/2026 - 14:38

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

Горан Наумовски06/03/2026 - 11:26

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он26/02/2026 - 19:07

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

Горан Наумовски26/02/2026 - 14:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен