Разрешената директорка на охридска болница се оградува од тимот на инфективното одделение: Го осудувам непостапувањето

Од:

Разрешената директорка на охридската болница, Славица Малеска-Стојдиновиќ, откако вчера за „А1он“ рече дека не чувствува вина за случајот со 66-годишната стружанка која не беше примена за лекување, денеска преку соопштение тврди дека најостро го осудува секое непостапување од страна на специјалистите на инфективното одделение. Малеска-Стојдиновиќ посочи дека таа до раководителот на инфективниот оддел издала и писмена наредба за тој заедно со вработените непрекинато да укажува здравствена заштита на сите лица кои ќе се обратат за лекарска помош.

„Во врска со објавените наводи во одредени медиуми, за непостапувањето односно непружањето на здравствената заштита од страна на специјалистите на инфективното одделение, од наша страна најостро го осудуваме секое непостапување согласно Законот за здравствена заштита. Од моја страна како директор на Општа болница Охрид покрај спроведените горенаведени мерки е изготвена писмена наредба во која се наредува на раководителот и вработените на инфективното одделение непрекинато да укажуваат здравствена заштита на сите лица кои ќе се обратат за лекарска помош“, стои во соопштението кое Малеска-Стојдиновиќ го испрати до медиумите во име на болницата пред нејзиното разрешување.

Според ексдиректорката, во охридската болница било постапувано согласно мерките и препораките од Владата, бил направен протокол на сите оддели и одделенија во склоп на болницата.

„Исто така сите раководители се задолжени да обезбедат соба за изолација за сместување на лица за кои постои сомнеж дека се заразени со коронавирус. Инфективното одделение при болницата, како одделение кое згрижува пациенти со инфективна патологија, доби протокол за постапување со лица заболени од коронавирус од страна на Министерството за здравство и беше обезбедена неопходна опрема за лична заштита на персоналот кој одговара на работните задачи кои се завршуваат во дадениот момент“; додава Малеска-Стојдиновиќ.

Разрешувањето на директорката доаѓа откако роднините на починатата 66 – годишна жена од струшко изјавија дека и покрај препораката од матичниот лекар, не била примена во болница. Министерот за здравство Венко Филипче извести дека е во тек истрага за целиот случај, а за случајот истражува и охридското Обвинителство.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска