Разрешен реисот Сулејман Реџепи

Од:

Риасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман Ефенди Реџепи од позицијата Рејс Ул Улема претседател на Исламска верска заедница. Одлуката била донесена со двотретинско мнозинство.

„Врз основа на записникот на вонредната седница на мнозинството на риасетот на ИВЗ на Република Северна Македнија одржана на 27.05.2020 година, со почеток во 10 часот, ние долупотпишаните врз основа на член 36 и 58 на Уставот на ИВЗ, кои ги сочинуваат повеќе од 2/3 мнозинство на риасетот на Република Северна Македонија, едногласно донесовме одлука за разрешување на господин Сумејман Ефенди Реџепи од позицијата претседател на ИВЗ“, рече Ефенди Шаќир Фетаху, кој истовремено е поставен како вршител на должноста претседател на ИВЗ, до подготвување на новите избори за избор на претседател на ИВЗ.

Одлуката стапува на сила од денеска. На неа се потпишани самиот Фетаи, скопскиот муфтија Ќенан Исмаили, тетовскиот муфтиа Ќани Несими, муфтијата на Куманово, Абедин Имери, на Струга, Салим Сулејмани. Истовремено, на оваа одлука се потпишани и Мустафа Даути, претседател на хуманитарната организација кој функционира во склоп на ИВЗ, „Хилал”, професор Шабан Сулејмани, декан на Факултетот за Исламски Науки, директорот за дијаспората Селвер Џемаили, членот на ријасетот Фадил Рамадани и други.

Би можело да ве интересира

Филипче на средба со поглаварите на МПЦ-ОА и на ИВЗ: Сите треба активно да придонесат во битката со пандемијата

Жарко Настоски

Дали новата селефиска верска заедница во Македонија е закана – проучувачите со свој став

Кристијан Ландов

Реисот на ИВЗ го демантира Ангелов: Без осуда за скандирањето, туку со пофални зборови за УЧК

Стојанче Ангелов и реисот Фетаи заеднички го осудија скандирањето „УЧК“ на собири и протести

Жарко Настоски

Шаќир Фетаху нов поглавар на ИВЗ

Ана Ололовска

Груби се сретна со првиот човек на ИВЗ, Фетаху: Нашата прозападна ориентација е загарантирана

Жарко Настоски