Разрешен проблемот со платите во ООУ „11-ти Октомври“

Од:

„Централниот Регистар на Р. Македонија, постапувајќи по одлуката на општина Центар за разрешување на Даниела Костадинова и наименување на Васко Лазаревски за директор на ООУ „11-ти Октомври“, донесе решение, со кое за овластен потписник го именува Васко Лазаревски.

Костадинова, која не се појави во училиштето, по решението, согласно законските прописи, треба да се врати на поранешното работно место, а тоа е одделенски наставник во ООУ “Рајко Жинзифов“ во с.Драчево, општина Кисела Вода.

Вработените во ова центарско основно училиште, како и во другите општински основни училишта, ќе ја примат октомвриската плата откако Министерството за образование ќе ги заврши процедурите.

Општина Центар навреме ги заврши своите обврски околу платите на вработените и неопходната документација ја достави до надлежното министерство“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар