Размена на искуства меѓу француската Државна правосудна академија и Академијата за судии и јавни обвинители на РМ

Од:

Во рамки на успешно воспоставената соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители и француската Амбасада, како дел од активностите преземени со потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу овие две институции, во тридневна официјална посета на Академијата беа заменик директор на Државната правосудна академија на Франција (ЕНМ), Жан Давид Кавалие и универзитетскиот професор по право од Бордо, Оливие Дубос.

За време на тридневниот престој во Македонија француските експерти се сретнаа со претставниците на Управниот одбор на Академијата, Програмскиот совет, едукаторите и менторите на Академијата, како и со претставнициите на четирите генерации од почетна обука.

На средбите, како што информираа од Академијата за судии и јавни обвинители, беа разменети компаративни искуства за начинот на кој се одвива комплетниот процес за влез во правосудните академии, процесот на селекција и регрутација, како и развојот на Педагошките програми кои се дел од Програмите за почетна обука на судиите и јавни обвинители.

Француските експерти детално ги презентираа сите фази од спроведувањето на процесот за прием, испитите кои се полагат за влез во Академијата, содржините на подготовителните настави, мрежите за регрутација со кои во Франција се опфаќаат студенти од повеќе факултети, а не само од правните студии, пришто беа изложени и нивните искуства за навремена подготовка посебно на студентите по право и политички студии, за професиите судија и јавен обвинители.

Заменик директор на Државната правосудна академија истакна дека Академијата вложува големи напори во делот на промоција, преку кампањи и разни видови на промовирање на институцијата, се со цел, да ги афирмираат професиите судија и јавен обвинител, но и да ги доближат до јавноста, а најмногу од се, до студентите, идните слушатели на Програмата за почетна обука.

Тој посочи дека ЕНМ во промоцијата добива и голема поддршка од државата, бидејќи за таква силна кампања потребни се и големи финансиски вложувања. – Секако, ова не е единствениот начин, бидејќи дел од предавачите на ЕНМ држат предавања и презентации на факултетите со што директно, низ практични примери, ги усмеруваат студентите да се одлучат за една од овие две професии, додаде Кавалие.

Во делот на критериумите за влез во ЕНМ, Кавалие, потврди дека тие се исклучително високи во Франција, и оти не се прават отстапки, па дури се оди и кон тоа тие да се подгинат на уште повисоко ниво, бидејќи тоа е една од основните гаранции за креирање на квалитетни профили на идните судии и јавни обвинители, кои ќе бидат подготвени да се носат со сите предизвици кои ги носи модерниот начин на живеење.

Како што е наведено во соопштението, на последниот конкурс во ЕНМ се пријавиле над 330 кандидати, пришто биле одбрани околу 200 кандидати.

Експертите се согласија дека начинот на функционирање помеѓу двете институции е скоро идентичен, и сметаат дека и покрај тоа што Академијата во Република Македонија е сеуште млада институција, одлично ја врши својата улога во правосудниот систем на земјата. Тие ги поздравија напорите на Академијата да обезбеди европски, модерни програми за почетна обука.

Директорката на Академијата, Анета Арнаудовска изрази задоволство од досегашниот развој на соработка помеѓу двете институции и посочи дека непроценливо е присуството на странските експерти за унапредувањето на капацитетите на Академијата, бидејќи, токму од нив се црпат идеите за подобрување на работата на Академијата, но на овој начин и најбрзо се доаѓа до ефикасни решенија со кои може да се влијае и подобри квалитетот, посебно на Програмите за почетната обука.

Генералниот заклучок, како што се наведува во соопштението, е дека Академијата за судии и јавни обвинители претставува навистина светла точка во правосудниот систем на Република Македонија, а нејзиното надградување и унапредување подразбира и поефикасен правосуден систем во земјата.

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он