Разликата меѓу Пендаровски и Силјановска помала од 1%

Од:

Според 89% обработени податоци во Државната изборна комисија (ДИК), на првиот круг од претседателските избори гласале вкупно 648.669.

Од нив, Пендаровски има 276.224, Силјановска 273.617, а Река 71.154 гласови. Во овој момент, разликата меѓу двајцата најсериозни претенденти за петти претседател на државата е помала од 1 отсто, односно околу 3 илјади гласа. Комисијата регистрира и 27.679 неважечки гласови.

Ова се првични неофицијални резултати стигнати по електронски пат од 3.150 избирачки места, кои може да се следат во живо на интернет страницата на ДИК.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?