Разговори во Собранието за Деловникот во рамки на „Жан Моне“ процесот

Од:

Известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, европратеникот Илхан Ќучук и неговите колеги Андреас Шидер и Марион Валсман денеска во Собранието во рамки на процесот „Жан Моне“, имаат средби со претседателот на Парламентот Талат Џафери, како и со координаторите на пратеничките групи. Во фокусот на разговорите, според информациите на МИА, е Деловникот за работа на Собранието.

Според информациите од пратеничките групи, договорено е разговорите да не се најавуваат во контекст на актуелната состојба во земјата и деновите на жалост. Европратениците веќе биле во Скопје кога беше донесена одлуката за тридневна жалост поради трагедијата во Тетово со препорака за откажување на јавни настапи, така што договорот бил средбите да се одржат, но да нема јавни настапи.

Ќучук, Валсман и Марион се очекува освен со Џафери, да имаат средба и со потпретседателите на Парламентот Горан Мисовски и Фадил Зендели и со генералната секретарка Цветанка Иванова, како и поединчени средби со координаторите на пратеничките групи, Јован Митрески од СДСМ, Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, Арбер Адеми од ДУИ, Скендер Реџепи од коалицијата на АА и Алтернатива, Кастриот Реџепи од Беса, Димитар Апасиев од Левица и Мендух Тачи од ДПА. Потоа ќе следува заедичка средба на која ќе присуствуваат и други пратеници.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата