Разбојништво врз двајца сопружници во тетовско Гургурница

Од:

Двајца повозрасни сопружници Б.А.(66) и А.А.(61) од тетовското село Гургурница синоќа, околу 23 часот во полициската станица во Жеровјане пријавиле дека биле нападнати од две непознати и маскирани лица.

Како што информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, разбојништвото се случило околу 22 часот така што двајцата маскирани, кои носеле и ракавици наеднаш влегле низ незаклучената врата. Едниот се доближил до нив, додека другиот останал на вратата.

Еден од разбојниците со шрафцигер во раката му се заканил на Б.А. дека ќе го прободе доколку не му даде пари. Исплашена А.А. му рекла на сопругот да им ги даде парите од паричникот каде имало 450 евра. Сопругот на насилникот му дал само 400 евра, по што двајцата маскирани им ги зеле двата мобилни телефони, како и фиксниот телефон што го исклучиле од мрежата и избегале.

– По околу еден час од разбојништвото сопружниците го пронашле фиксниот телефон, фрлен во нивниот двор по што ја известиле полицијата за разбојништвото. Од страна на полицијата бил извршен увид и се работи на расветлување на сите поединости, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари