Разбојништво во спортска обложувалница во Струга

Од:

Разбојништво било извршено синоќа околу 22:17 часот во спортската обложувалница  „Бетсити Балкан“ во Струга.

Како што  информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, три засега непознати и маскирани лица, од кои двајцата вооружени со огнено оружје пиштол, насилно влегле во спортската обложувалница лоцирана на улицата „Димче Ковачески“. Еден од нив, репетирајќи го пиштолот, веднаш се упатил кон пултот за наплата и на вработениот, заканувајќи му се дека ќе пука, му ги побарал парите.

– Разбојниците одзеле вкупно 88 илјади денари од кои 24 илјади  биле пари од дневниот промет, а остатокот биле наменети за исплата. Додека двајцата маскирани ги одземале парите, третиот стоел пред влезната врата, вели Димоски.

Полициската станица од Струга презема интензивни мерки за пронаоѓање на сторителот на разбојништвото и расветлување на казненото дело.

Би можело да ве интересира

Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи