Разбојништво во маркет во Скопје

Од:

Три лица вчера извршиле грабеж во КАМ маркет во Скопје и физички нападнале двајца вработени.

Полициските службеници вчера попладне по пријава за нарушување на јавниот ред и мир во „КАМ маркет“ на ул. „Народен фронт“ констатирале дека се работи за разбојничка кражба.

Три непознати машки лица, кои влегле во маркетот, одзеле повеќе прехранбени артикли, но откако биле забележани од мониторинг центарот, на излегување биле запрени од вработените М.П.(34) и Б.К.(21), по што лицата и физички ги нападнале. При обид да се оддалечат од местото, едниот од нив е запрен. Се работи за К.Б.(19) од Скопје, кој е приведен во полициска станица Центар, наведува Министерството за внатрешни работи во редовниот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби