Разбојништво на бензинска пумпа во Тетовско

Од:

Пет непознати маскирани лица со качулки на главите, со возило „Голф“, вчеравечер пристигнале на бензинската пумпа „Житоил,“ лоцирана на влезот на тетовското село Сиричино, и извршиле разбојништво.

Како што информира СВР Тетово, кога едниот од нив извадил пиштол, тие му се приближиле на вработениот Д.И (26) и му ги побарале парите, а потоа почнале да го удираат по телото со пиштолот и со клоци и тупаници.Кога го видел тоа, чуварот на бензинската пумпа, кој бил внатре, веднаш избегал и почнал да бара помош.

Но, разбојниците не се откажале од својата намера, влегле внатре, целосно ја пребарале внатрешноста на пумпата  и одзеле вкупно 10.552 денари.Со парите, набрзина ја напуштиле бензинската пумпа и избегале во непозната насока.

Полицијата извршила увид на местото и презема мерки за откривање на разбојниците.

Г.М.

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски